Уникатен 3Д печатен накит

Секоја жена има различен вкус за накит и не секогаш може да го пронајде баш она кое што и се допаѓа.

За љубителите на уникатното и за оние кои сакаат да имаат нешто различно, конечно и кај нас има 3D принтан накит кој можете да си го нарачате.

 

A post shared by Figura (@figuramk) on

Фигура нудат елегантени и впечатливи додатоци кои можете да си ги одберете или да ги нарачате едноставно и лесно. Овој уникатен накит може да ги задоволи сите вкусови и потреби, па на овој начин би можеле лесно да одберете што сакате за вас или за подарок на најблиските без притоа да треба да барате со часови.

 

A post shared by Figura (@figuramk) on

Начинот на изработка е сосема различен од класичниот. За оние кои сакаат да погледат дел од изработката, тоа можете да го видите овде.

„Фигура“ изработува накит од не’рѓосувачки челик, месинг, бакар, бронза и пластика. Секој од овие метали содржи 80% метал и 20% пластика.

Погледнете некои од прекрасните парчиња впечатлив накит кои што „Фигура“ ги нудат, а можете да го погледнете и нивниот Инстаграм профил за повеќе.

Одберете го тоа кое најмногу ви се допаѓа и нарачајте го брзо и лесно!

Кој е вашиот фаворит?