Стан со топли органски бои и материјали

Секогаш е восхитувачко кога прекрасни текстурални композиции се комбинираат со топли органски бои и палета на материјали, сите презентирани со динамичка модерна експресија.

Овој стан е лоциран во Дњипер, Украина и во него може да се сретнат најразлични материјали – исполиран мермер, 3D панели, природно дрво, бетон и различни текстили и метали (вклучувајќи и трендовски месингани и бакарни декоративни елементи и сијалици). Комбинациите на бои ја носат органската и релаксирана сензација во внатрешноста. Шарените дизајн елементи и малите детали во зелена, златна, портокалова и жолта боја додадаваат игрива виталност.

Дизајнерите успеаја да создадат динамичен модерен простор, а воедно и добро избалансиран амбиент каде што сјајот на полираниот бетон се менува со живописното присуство на дрвените облоги и мебелот. Дефинитивно, овој стан се одликува со стил.