Панорамска куќа со извонреден видик и локација

Оукланд, Калифорнија е место каде што се сместени едни од најимпресивните домови во САД.

Една од нив е т.н. Панорамска куќа којашто освојува со извонредниот видик и локација. Сместена е на околу 1.800 метри надморска висина и има отворен поглед кон целиот град.

Применет е концептот на отворен простор во којшто се сместени кујна, дневна соба и трпезарија. Кривата линијата на покривот ја следи природната линија на самото земјиште на планината каде е сместена. Подот и плафонот се изработени од дрво, што му дава посебен шмек и топлина на целиот дом. На овој начин куќата останува во хармонија со природниот пејзаж.