Инспиративна приказна: Најгласниот шепот на универзумот

Инспирацијата е една од главните движечки сили на човештвото. Без разлика дали станува збор за сликар, композитор или сметководител, сите ние бараме некој којшто ќе нѐ сака, разбира или инспирира.

Артистот Џозеф Ли во обид да допре до туѓите соништа одлучил да ја сподели својата цртана приказна „The Loudest Whisper in The Universe“.

„The Loudest Whisper in The Universe“ е кратка цртана приказна за една осамена девојка чија песна никој не може да ја слушне, се до оној момент додека таа не научи да слуша.

Преку овие цртежи, авторот се обидува да ја пренесе својата порака, а тоа е: „Одговорите коишто ги бараме најчесто ги чуваме во себеси.“

Како изгледа неговата инспиративна мини-сликовница погледнете во продолжение.