Лулка на раскош: Погледнете во домот на Натали Портман

Секогаш постои длабока љубопитност во врска со приватниот живот на познатите личности, што прават кога не се пред камера, како се однесуваат и што е најважно-каде живеат?

За среќа, понекогаш можеме да погледнеме во домовите на добро познатите холивудски ѕвезди и да добиеме одредена претстава за нивниот животен стил. Токму на овој начин обичните луѓе имагинарно уживаат во сјајот на луксузот.

Па, како многумина така и славната актерка Натали Портман „ги отвори вратите“ од својот дом којшто се наоѓа во близина на Санта Барбара.

Дизајнирана од страна на архитектот Бартон Маерс, куќата зафаќа површина од 370 метри квадратни, а истата располага со 4 спални соби и 5 бањи и прекрасна кујна.

Како изгледа „скромниот“ дом на актерката погледнете сами.