Кралското семејство бега од тронот

Во интервју за магазинот „Њузвик“, принцот Хари открил дека е лут на семејството, но и дека никој од нив баш и не се тепа да седне на кралскиот трон.

Да се биде член на кралско семејство значи и да се преземат обврски уште од најмлада возраст, што обичните луѓе можат лесно да ги избегнат. За такво нешто, принцот Хари го смета погребот на неговата мајка. Иако тогаш имал само 12 години, бил принуден да оди во поворката, веднаш зад возилото со ковчегот, додека целиот настан бил следен од милиони и милиони непознати лица. Вели, никогаш нема да им го прости тоа на своите.

Меѓу другото, 34-годишниот принц, кој е петти во редот за наследување на кралскиот престол, открил дека ниту еден член од кралското семејство не е нешто особено расположен да седне во тронот. Според него, никој не сака да е крал или кралица, но доколку традицијата и должноста го бараат тоа, тогаш мора да се посвети на своите кралски обврски.

Сепак, луѓето кои се родени и отсекогаш живееле во монархија, не се научени да функционираат поинаку, па затоа кралското семејство се труди да го модернизира британското кралство.