Како изгледала Мерилин Монро пред да стане позната?

Со својата препознатливо руса коса и впечатливиот црвен кармин, Мерилин Монро, била една од најмаркантните икони на своето време.

Покрај нејзиниот драматичен и турбуленден живот, малкумина знаат за детството на Мерлинка и начинот на живот којшто таа го имала пред да стане популарна.

Нејзиното родено име е Норма Џин Мортенсон. Детството и поминало во неколку домови за деца без родители, а во скоро ниедно од нив немала добро искуство. Во раната младост била сексуално злоставувана до степен што почнала да пелтечи.

На 16 години го склучила првиот брак со Џејмс Доерти, но ни тоа не и донело некоја голема среќа. Тие се развеле по само неколку години, во 1945-тата година, откако Џејмс не ја поддржал Монро во својата нова кариера како модел.

Во продолжение погледнете како изгледала таа пред да стане светски позната ѕвезда.