Нема веќе „House of Cards“?

Доаѓа крајот на првата оригинална серија на „Нетфликс“, „House of Cards“, со Кевин Спејси во главната улога. Според стрим-сервисот, серијата завршува со шестата сезона во 2018-та.

Што точно се случи?

Според првични информации, „Нетфликс“ ова го планирале веќе подолго време, но не биле сигурни, па затоа не се изјаснувале во јавност по ова прашање.

Зошто баш денес ја објавуваат одлуката?

Кевин Спејси, кој во серијата го глуми Френк Андервуд, се изјасни дека и покрај тоа што се гледал со многу мажи и жени во текот на животот, одбира дека продолжува како хомосексуалец.

Како дојде до ова признание?

Ентони Реп е актер кој го обвини Спејси дека се обидел сексуално да го злоупотреби пред 30-тина години. Наводно, на журка во средината на 80-тите, Спејси го земал Реп (тогаш 14-годишен) во раце, „како невеста преку праг“ и го спуштил во кревет.

Што има Спејси на ова да каже?

Актерот се брани дека не се сеќава на таква случка и дека ако е вистина, тогаш му се извинува на Реп за непријатностите.

Дали „Нетфликс“ поради ова ја откажува „House of Cards“?

Уште немаат излезено со официјално соопштение, но според светските таблоиди, ваквото признание на Спејси било клучно за тие да ја потврдат одлуката дека приказната се ближи кон крајот и дека шестата сезона е вистински момент серијата да заврши.

Фото Нетфликс