Направи сам: Креативен начин на употреба на штипки

Доста веројатно е дека целиот свој живот сте ги користеле штипките за нивната примарна намена – простирање на алишта.

Со овие едноставни трикови, штипките може да добијат повеќе намени и да станат еден од вашите омилени алатки дома. Без разлика дали имате потреба од нешто лукаво или корисно, ќе ви се допадне да ги искористите овие идеи за дома.

1. Држач за марами

Организирањето на вашите марами може да биде деликатно, но не за долго. Во овој „направи сам“ проект, штипките одлично ќе послужат за чување сè да биде на своето место. Исто така можете да ги користите и за додатоци како накит или мали торби.

2. Држач за лажици

Овој трик е многу едноставен, а сепак генијален. Само прикачете ја штипката за било која дрвена лажица или сад. Кога треба да се оддалечите од печката, штипката ќе се закачи на работ од садот и ќе ја задржи лажицата да не пропадне во водата која врие.

3. Магнети

Ова е забавен трик за целото семејство. Дозволете секое од вашите деца си одбере омилена декоративна лента и тоа залепете го на едната страна од штипката. На другата страна од штипката залепете магнетна лента. Сега имате колоритен, персонализиран начин за презентација на нивните цртежи или училишни оценки на фрижидерот.

4. Држач за слушалки

Заштедете го времето кое го губите при отплеткување на вашите слушалки. Со спојување на две штипки ќе направите одличен држач за слушалки кој лесно се транспортира било каде.

5. Држач за ковање на шајки

Со овој трик, вашите прсти нема да бидат изложени на повреди.

6. Везење конец

Плетењето на нараквици за пријателство може да биде стресно, но со овој трик секој конец ќе биде одлично организиран.

7. Стапчиња за јадење

Ако ја немате целосно совладано техниката на јадење со кинески стапчиња, тогаш овој трик може да ви помогне. Искористете ја пружината од штипката за да ги врзете двете стапчиња. Јадењето нудли никогаш не било поедноставно.

8. Ароматизер за вашиот автомобил

На штипка залепете „флафи“ топчиња од памук во разни бои и врз истите капнете од вашите омилени етерични масла, Штипката прикачете ја на отворот за вентилација во вашиот автомобил.

9. Држач за четка за заби

Ако не сакате вашата четка за заби да биде во допир со површината, за да не се таложат бактерии врз неа, само опфатете ја со штипка под агол од 45 степени.

10. Затворачи за кеси

Ако сакате вашите ќеси со житарки да бидат добро организирани, а истовремено и да не влегува воздух во нив, едноставно затворете ги со штипки на кои претходно е залепена лента со опис на содржината на ќесичката.

11. Четки за боење

Ова е одлична забава за вашите деца, а истовремено и одлично решение за вашиот буџет. Во штипка ставете сунѓер, памук, конец, ткаенина, листови од растенија или било што и така добивате креативна четка за боење.

12. Закачалки за пантолони

Иако изгледа дека не е некое откритие, може да биде одлично решение за организација на вашата облека.

13. Организатори на вашите писма

Едноставно, организирајте ги писмата од поштата во соодветна категорија.