Магична азбука на детските имиња

Змејовите, еднорозите, зајачиња кои излегуваат од шапка… сите тие се дел од некоја волшебна магична приказна.

Најдобрата британска издавачка куќа на сликовници, „Lost my name“ прави интересен склоп на моќта на неверојатните волшебните приказни со технолошките можности. Имено, „Lost my name“ со својата креативност ја поттикнуваат љубопитноста на милиони деца ширум светот.

Станува збор за електронски дизајнирани сликовници, чија содржина се менува зависно од буквите од кои е составено името на дечињата. Приказната е насловена „Малото момче/девојче кое го загуби своето име“, и таа се прилагодува врз основа на името на детенцето за кое е наменета.

Доколку сакате да видите како би изгледала сликовницата, со приказна чија содржина е инспирирана од буквите на името на вашето дете, тоа можете да го направите на следниов линк.