„Justice League“ или „Cyborg: Origins“?

Пред да излезе официјалниот трејлер за „Justice League“, од Ворнер Брос пуштија неколку тизери со приказните за потеклото на членовите на Лигата.

Како што се наближува датумот на реализација на филмот, така ќе дознаваме што повеќе детали за омилените суперхерои и нивние мисии. Засега, познато е дека „Justice League“ претежно ќе биде посветен на потеклото на Cyborg, односно херојот Виктор Стоун и неговите обиди да живее нормален живот надвор од суперхеројските задачи.

Минатата година, во „Batman v Superman: Dawn of Justice“ веќе се запознавме со дел од Лигата на правдата. Режисерот Зак Шнајдер изјавил дека е задоволен од посветеноста на Џејсон Момоа (Aquaman) и Езра Милер (The Flash), но дека актерот Реј Фишер, кој го толкува Cyborg навистина се посветил со цело срце на улогата и филмот.

Покрај веќе споменатите актери, во филмот ќе ги гледаме и Ејми Адамс како Лоис Лејн, Џес Ајзенберг како Лекс Лутор, Џереми Ајронс во улогата на Алфред Пениворт, Џ.К. Симонс како Џејмс Гордон и Кирси Клемонс како Ајрис Вест.

Исто така, најавено е дека Cyborg ќе добие свој самостоен филм во 2020-та. Дотогаш, најавени се и самостојни филмови и за Wonder Woman подоцна годинава, како и за Aquaman во 2018-та.

„Justice League“ ќе излезе на 17-ти ноември оваа година.