Безобразно скапи секојдневни нешта

Колку пари би дале за бебешка цуцла? А за правосмукалка?

Овие секојдневни нешта чинат повеќе од што можете да замислите. Доказ дека човечкото лудило нема граница!

1. Дијамантска цуцла

Најскапата цуцла во светот – таа е позлатена и има 280 дијаманти.

 

2. Златен Ајфон со дијаманти

ВИП смартфон кој што е направен од злато или платина, а на него има и дијамант. Чини 48 милиони долари.

3. Кревет од злато и скапоцени камења

За оние кои што имаат премногу пари и премалку вкус. Овој кревет е направен од најквалитетно дрво, нешто повеќе од 100 килограми злато, а на него се наоѓаат и еден куп скапоцени камења. Чини „скромни“ 6,3 милиони долари.

4. Луј Витон кондом

100 денари за пакување од 3 кондоми? Не, тоа е за „обични смртници“. Најскапиот кондом на светот чини нешто помалку од 4000 денари. Што е најинтересно, овие кондоми не се произведуваат од Луј Витон, туку од „обичен“ дизајнер од Америка – Иракли Кизирија.

5. Правосмукалка со „Сваровски“ кристали 

Доколку и’ поклоните на вашата сопруга ваква правосмукалка нема да знае дали да се радува или да ви ја „скрши“ од глава (подобро не проверувајте). Оваа правосмукалка е толку скапа што се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди. Чини 20 000 долари и на неа има 3730 Сваровски кристали.

6. Златен велосипед

Велосипед од 24 каратно злато и дијаманти. Чини само 400 000 долари.

7. Чадор од крокодилска кожа

Го нема на Али Експрес за 10 долари. Се произведува во Италија, направен е од крокодилска кожа и чини 5000 долари.

8. Куфер со електрични тркалца

Сам вози – ја отвараш рачката, ја местиш да покажува на некоја страна и куферот сам се вози. Меѓудругото направен е од егзотични материјали како коњски влакна (?!?), магнезиум, алуминиум, титаниум, различни видови на кожа, а според цената и рог од еднорог. Чини 20000 долари.

9. Златни врвки за чевли

Чинат 19000 доари, направени се од злато. Како додаток, доколку ги нарачате, ви ги носат до врата. Зошто златни врвки за чевли? Најверојатно поубаво изгледаат откако ќе згазнете во вир.

10. Сини кнедли

Најскапите кнедли во светот можете да ги пробате само во Њујорк. Обични кнедли со додаток – жлезди од фенер рибата (онаа риба што има „сијаличка“ пред неа, а ја има длабоко, длабоко во морињата). Поради оваа риба кнедлите добиваат светло сина боја. Тие што ги пробале кажуваат дека се многу вкусни, а чинат 2400 долари за 8 кнедли и 4400 долари за 16 кнедли (со 400 долари попуст). Или можете дома да направите кнедли со гриз по рецептот на баба и да ги обоите со сина прехрамбена боја.