„Тесла“ планираат сопствен стрим сервис

Иако оваа информација не е официјално потврдена, јавноста никогаш не може да биде изненадена кога се во прашање претприемничките амбиции на Илон Маск.

Идејата за музички стрим сервис во сопственост на „Тесла“ постои веќе извесно време, а од компанијата веќе разговарале со некои од најголемите продукции, како и со музичари кои ексклузивно ќе ги стримаат нивните продукти на новиот сервис.

Ниту вработените во компанијата не откриваат ништо повеќе за овој проект, но секако дека им се допаѓа идејата нивните клиенти да имаат неповторливо возачко искуство и да можат да слушаат музика што ним им се допаѓа. Среќата на потрошувачот е најбитна за „Тесла“.

Доколку оваа идеја се оствари, тогаш Маск ги „замешува“ своите прсти и во уште едно поле на индустријата, кое што е доста помало од оние со кои веќе се занимава. Сепак, сè е возможно со него.