Епл го претстави iOS 11

Генералниот директор на Епл, Тoм Кук, официјално го претстави новиот оперативен систем „iOS 11“.

Новата верзија на популарниот оперативен систем којшто работи на милиони ајфони и ајпади ќе донесе подобрување во перформансите и ќе има голем број на нови функционалности, вклучувајќи и подобрени продуктивни решенија наменети за „iPad“.

„iOS 11“ официјално ќе биде пуштен во продукција оваа есен – најверојатно со новиот „iPhone 8“ телефон.

Првата функционалност којашто беше презентирана е синхронизацијата на пораки помеѓу „iOS“ и „macOS“ оперативните системи. Ако избришите порака на вашиот „iPhone“ или „iPad“, тоа ќе се рефлектира на вашиот „Mac“ компјутер.

Подобрувања се направни во интеракцијата со гласовниот помошник „Siri“, со цел тој да делува поприродно во комуниакцијата со корисниците. „Siri“ ќе зборува на англиски, италијански, шпански, кинески, француски и германски јазик.

Комплетно е редизајниран контролниот центар, преку којшто корисниците управуваат со најчесто користените поставувања, а и едноставно може да се промени следната песна ако се слуша музика.

За некои градови, Епл мапите ќе бидат надоградени со интерни мапи од аеродромите и трговските центри. Подобрувања има и во мапите кога уредите се користат во превозни средства.

Редизајн е направен и на „продавницата“ од каде може да се превземаат апликации.