10-та титула на Надал на Ролан Гарос

Рафаел Надал, со освојувањето на 10-тата титула на Ролан Гарос стана првиот што освоил 10 титули на ист гренд-слем турнир.

Во финалето тој го победи Швајцарецот Стен Вавринка и со тоа се искачи на второто место на АТП-листата, веднаш зад Енди Мареј.

Досега само Маргарет Корт има освоено 11 титули на „Австралија опен“.

За својот противник, Вавринка изјавил дека игра подобро и од кога и да е.