Рецепт на денот: јагода чизкејк во тегличка

Овој летен освежителен десерт со јагода, е погоден за на пикник или за подарок, бидејќи се прави во тегличка.

Се подготвува многу едноставно …

 

Одберети си ги вашите омилни чајни, бисквитни колачи, издробете ги на ситни парченца и измешајте ги со растопен путеп и шеќер во прав. Потоа промешајте нежно и распределете ја содржината во тегличките, на дното.

Јагодите се мијат, се цедат и се сецкаат на мали парченца.

Крем сирењето се мати со лимонов сок. Потоа се меша со убаво изматената слатка павлака. Сето тоа убаво се соединува, при тоа, не се меша многу долго, за да остане кремаста и воздушеста смесата.

На крај се додаваат сецканите јагоди и се мешаат во кремот.

Кремот од јагоди, лажица по лажица се додава во тегличките, врз бисквитите. На крај се декорира со јагоди и за затвараат тегличките со капачиња.