Цветни торти подготвени со вегански состојки

Цветните торти станаа вистински хит во светот, но овие се навистина посебни.

Германската артистка, Јулијана, создава уникатни парчиња торта коишто отстапуваат од реалниот стереотип не само поради тоа што изгледаат неверојатно туку и поради тоа што се подготвени со користење на вегански состојки.

Секоја торта е изработена прецизно, а на деталите е обрнувано толку многу внимание што на моменти цветовите изгледаат како да не се јадливи.

Во продолжение погледнете ги нејзините ремек дела.