Заложничка драма на Филипините

Екстремистички припадници на Исламската држава држеле неколку ученици како заложници во јужниот дел на Филипините.

Според локалната полиција, најмалку 300 вооружени лица влегле во училиште во областа Пигкавајан, во покраината Северен Котабато и држжеле ученици како заложници.

Целата заложничка драма завршила по преговорите на војската со припадник на Исламската држава. Властите ја прогласиле областа за безбедна.

Според некои медиуми, информацијата дека биле држени ученици не е точна, туку се работело за наставници и дел од вработениот персонал.

Фото Макфакс