Пукотници во парламентот во Иран

Според медиумите, имало неколку вооружени напади на територија на Техеран, главниот град на Иран.

Најпрво била уапсена жена која е осомничена дека поставила експлозив и пукала во храмот Ајатола Комеини што се наоѓа во јужниот дел на градот.

Овој напад се случил истовремено со пукањето во иранскиот парламент, кадешто најмалку три лица биле повредени. Напаѓачот уште е непознат за јавноста.

Уште не е познато како напаѓачот успеал да влезе во парламентот, бидејќи истиот е обезбеден на сите влезови.

Исто така, поседувањето на огнено оружје во Иран е строго контролирано, затоа се верува дека истиот оружјето го поседувал нелегално.