Археологија за економски напредок

Најновите археолошки пронајдоци во Египет можеби се патот кон излезот од кризната економска ситуација во државата.

Археологијата во Египет придонесува и за развој на туризмот. Со тоа што ќе се привлекуваат повеќе туристи, ќе се подобри и економијата.

Властите од Египет знаат како да ја искористат богатата историја. Пред извесно време, пронајдени се 17 одлично сочувани мумии, недалеку од главниот град Каиро.

Се верува дека телата припаѓале на високи свештени лица и дека се стари околу 3000 години.

Поради историската вредност на археолошките откритија, жителите веруваат дека каде и да се почне со копање на територијата на државата, ќе се пронаоѓаат уште повеќе докази за древната цивилизација.

Властите веруваат дека новооткриените артефакти ќе привлечат и туристи кои пак, ќе трошат пари и ќе го полнат буџетот.

Во изминатите години Египет изгуби на популарност како туристичка дестинација, особено поради многубројните вооружени напади. Во моментов, безбедносната ситуација е доста постабилна, а жителите веруваат дека најдобриот период доаѓа наскоро.