Словенија ја декласира Ангола на Светското првенство во ракомет

Сосема очекувано, Словенија ја надигра и победи репрезентацијата на Ангола, на првиот натпревар од групата Б, со конечен резултат 42:25. Победникот на натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кое заврши со резултат 22:13 во полза на репрезентацијата на Словенија.

Најдобри реализатори кај победничкиот тим беа Г. Маргуч и Б. Мацковчек со по 8 постигнати гола. Кај поразениот тим, најдобар стрелец беше Лопез со 7 постигнати гола.