„Слободен печат“ објави мапа со резултати од првиот изборен круг

Дневниот весник „Слободен печат“ во денешното издание објави детална мапа на којашто може да се погледнат сите кандидати од Локалните избори 2017 кои победија во првиот круг, односно сите кои се во водство, заедно со противкандидатите, во општините каде ќе се одржи втор изборен круг на 29 октомври.

Како што наведуваат „Слободен печат“ во нивното веб-издание, при изработката на мапата е направен превид во три општини и тоа:

  • Бутел – во вториот круг за градоначалничка позиција ќе се борат Велимир Смилевски (СДСМ) и Дарко Костовски (ВМРО-ДПМНЕ)
  • Карбинци – во вториот круг за градоначалничка позиција ќе се борат Јордан Насев (СДСМ) и Зоран Минов (ВМРО-ДПМНЕ)
  • Гази Баба – општината е ненамерно испуштена, а во истата во вториот круг ќе се спротивстават Борис Георгиевски (СДСМ) и Тони Трајковски (ВМРО-ДПМНЕ)

Мапата може да се погледне на овој линк.

 

Извор/Фото Слободен печат