Рецепт на денот: Облак јајца

Идеите за поготовка на јајца никогаш не запираат, па така најновиот Instagram тренд е облак јајца.

“Облак јајца” за прв пат ги има подготвено Рејчел Реј и рецептот е објавен на нејзиниот веб-сајт во 2012 година. Но сега добива на слава, бидејќи на Instagram е тренд со хаштакот #cloudegg, каде моментално има  895 фотографии од испробаниот рецепт, а на хаштагот  #cloudeggs има 3,268.

облак јајца

Што значи облак јајца?

Во суштина тоа се одвоени изматени белки од јајце со прстофат сол, а во средина е ставена жолчката. Така поготвени, се печат на хартија и се добива крајниот ефект облак јајца. Всушност, шлагот од белките го дава тој изглед на облак. На крај добивате екстра крцкави облачиња, кои се како солени бакнежи, а на врвот имате вкусна кремаста жолчка.

По ваш вкус, во белката можете да додадете и зачини, за да се добие уште поинтересен и поубав вкус.

Зошто токму сега го сакаат сите овој рецепт?

Тие изгледаат дека се доста компицирани за подготовка, а всушност се многу лесни и заради нивниот фенси изглед, сите се сакаат да ги направат и пробаат.
Практичната компонента за која вреди да се направат и да се одвои време за подготовка е дефинитивно нивната ниска калоричност. Според Индепендент, облак јајцата имаат 161 калорија по порција. Облак јајцата, исто така, се кето-пријателски, па за секој кој е на ЛЦХФ исхрана (ниски јаглехидрати, високи масти или low-carb, high-fat LCHF), ова е погоден начин на внес на јајца. Истото важи за оние кои се на хрононутриција.

Подготовката на облак јајцат одзема повеќе време, за разлика од пржени/варени јајца, но секако дека ефектот и вкусот е различен. Облак јајцата земаа замав заради нивната уникатност и начинот на презентација.