Рецепт на денот: јагода чизкејк макаронси

Макаронси се едни од најпопуларните колачиња во последно време. Тие се француски колачиња, кои наликуваат на мини сендвичиња и најчесто се прават во најразлични бои и се полнат со различни филови.

Овие мали колачи се направени од две округли „школки“, залепени со фил. Школките се прават од белки од јајца, шеќер во прав, бадемово брашно и шеќер во гранули. Постојат многу варијации на филот којшто може да се користи за изработката на овие слатки мали колачи. Најпознати се ганаш филот, овошен фил, фил со путер и со овошни џемови. Интересен е фактот дека макаронсите се едни од ретките продукти за кои употребата на обојувачи е широко прифатена во слаткарството. Нивните различни бои овозможуваат полесно разликување на нивните вкусови во продавниците.

Еден фантастичен рецепт за макаронски е претставен на видеото, каде и практично ќе можете да ги видите сите детали и финеси за нивната подготовка. Се работи за јагода чизкејк макаронси.

На вас ви останува да ги засукате ракавите и да ги подготвите. Се разбира и да уживате во нив.