Почина актерот Адам Вест: Бетмен од шеесетите

По кратко боледување од леукемија, на 88 годишна возраст, почина актерот Адам Вест. Иако имаше богата филмска кариера, тој ќе остане запаметен по улогата на суперхеројот Бетмен во тв-сериите од шеесететите. Токму оваа серија му донесе светска слава, па на прославата од 50 годишнината од истата, повторно го оживеа ликот кој го глумеше. Во последните години од негиовт живот, ги избегнуваше филмските улоги и се поретко се појавуваше во такви. Од друга страна пак, учествуваше во многу анимирани тв-серии каде го позајмуваше гласот. Таква е и хумористичната анимирана серија „Family Guy.“ Интересно е тоа што, Адам Вест е еден од актерите кои ја одбиле улогата на познатиот британски шпион Џејмс Бонд.