НАСА пронајде нови потенцијални планети за живеење

Од НАСА постојано откриваат егзопланети во вселенскиот простор, притоа истражувајќи дали ги имаат најосновните услови за преживување на луѓето.

Со помош на Кеплеровиот телескоп во сопственост на НАСА, откриени се 219 кандидати за планети, од кои барем 10 се со големина на Земјата и со оддалеченост од нивното „Сонце“ доволна за на површината да има вода.

Од почетокот на мисијата на Кеплеровиот телескоп, откриени се најмалку 4000 потенцијални кандидати за планети, а само половина се доволно истражени. Заедно со новите 10, во вселената има околу 50 небесни тела што може да бидат планети, а што со своите карактеристики се слични на Земјата.