Модни икони: Лејди Ди

Принцезата Дајана беше и остана една од најистакнатите модни икони на сите времиња, негувајќи секојдневен, елегантен и по потреба гламурозен стил.

Дури и две децении по нејзината смрт, лејди Ди важи за една од најдобро облечените жени во историјата на модата.

Во Кенсингтонската палата е поставена изложба со наслов „Diana: Her Fashion Story“. Нејзиниот стил го опишуваат како разнобоен, едноставен, елегантен и гламурозен. Таа никогаш не носела ракавици, бидејќи сакала да се ракува со луѓето. Накитот најчесто бил крупен и впечатлив, за да можат децата да си играат со него. Никогаш не носела шапки и шешири кога посетувала болници, затоа што така не можела убаво да ги гушка децата.

Нејзиниот препознатлив стил иако се состоел од едноставни парчиња облека, ретко кој досега успеал да го ископира.

Ова е дел од изложените парчиња облека во Кенсингтонската палата:

This slideshow requires JavaScript.