Во 2016 од насилна смрт починале 497 лица

Според Државниот завод за статистика, минатата година од насилна смрт починале 497 лица, што е 3,1% помалку во однос на 2015.

Починатите од насилна смрт учествуваат со 2,4% во вкупниот морталитет, а меѓу нив, 76,1% се машки лица.

Во вкупниот број починати од насилна смрт, 71% починале во несреќни случаи, 25,2% се самоубиле, а 3,6% биле убиени.

Во несреќните случаи, кај 26% од починатите како причина се наведува „други надворешни причини за случајна повреда“. Кај самоубиствата, 13,5% случаи се последица на „бесење, странгулација и суфокација“. Во категоријата убиства најчеста причина за настапување на смрт е „обид за нанесување на телесна повреда со тап предмет“.

Извор Нова ТВ