НБРМ најави пластични 10-ки и 50-ки

НБРМ започнува со печатење на првите пластични банкноти во Македонија и тоа банкнотите од 10 и 50 денари. Ќе бидат изработени од полимер.

Се очекувва пластичните банкноти да бидат пуштени во оптек до крајот на оваа година. Според НБРМ, овие банкноти ќе бидат поотпорни на оштетување и потешки за фалсификување.

Оваа одлука НБРМ ја објаснува како резултат на тоа што се најупотребувани пари во платниот промет и поради тоа најлесно се уништуваат.

Од пред некоја година постојат и монети од 10 и 50 денари, но според НБРМ, потрошувачите кон монетите се однесуваат поинаку и оптекот е многу помал, што е последица или на штедење во „касички“ по дома или на губење.

Извор Слободен печат