Богданци гласаше против рудникот Казандол

Со излезеност поголема од 60%, Богданци се изјасни против отворањето на рудникот Казандол, како и други рудници на територија на општината.

Повеќе од 98% од излезените гласале „против“ на референдумот во Богданци.

За истиот рудник на референдум ќе излезат и жителите на Дојран, на 18 јуни. Постапка за организирање на референдум се води и во Валандово.

Ова е втор успешен рефернедум од овој тип, откако во Гевгелија граѓаните се изборија за заштита на животната средина и околината.

Извор Мета